Утрински Весник
Спорт

Барди стрелец во триумфот на Леванте над Бетис

Барди стрелец во триумфот на Леванте над Бетис

Ла Нусија, 28 јуни 2020 (МИА) – Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди даде свој придонес во денешниот триумф (4:2) на Леванте над Бетис.

Македонецот го постигна вториот гол за Леванте на мечот од 32. коло. За Барди ова беше четврти гол во сезоната 2019/20.

Тренерот на домашниот состав во 64. минута го повлече Барди од игра за да го зачува за следните предизвици.

Леванте по денешната победа се наоѓа во средишниот дел на табелата во Ла Лига и со речиси обезбеден опстанок. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026

Драма до крај: Босна ја шокира Италија, Чешка ја елиминира Данска

Македонија без голови во Даблин – нападот повторно разочара