Утрински Весник
Македонија

Барбареев: Реформата е шанса наставниците пак да бидат добри примери за учениците

31 тутор ќе им помагаат на учениците со попреченост

Реномето на наставничката професија се изгуби во изминатите 30 години а реформата на основното образование е шанса наставниците повторно да бидат добри примери за нивните ученици, рече професорот Кирил Барбареев на вчерашната собраниска јавна расправа за концепцијата за основно образование.  

„Е тоа е мојата визија, основното да биде основа на вредности и да го засакаш учењето, науката, татковината. Да создаваме генерации кои кога ќе отидат на натпревар по физика и математика во Франција да се вратат со награди, и таму да ја слушнат македонската химна. Кога ќе отидат на натпревар по историја во Белград, Софија и Атина да се вратат со најдобри резултати, да бидат подобри од соседите во знаење. Тоа е тој културен натпревар меѓу народите. Оваа држава секогаш имала добри учители“, нагласи професорот Барбареев, кој е и член на работната група што ја изготви концепцијата.

Од собраниската говорница тој потсети дека првите одлуки на АСНОМ се однесувале токму на отворање на учителските школи.

„Тој ентузијазам, таа енергија која била во тие години сме ја загубиле ние некаде во овие 30 години. Враќањето на општествениот и економскиот статусот и подигање на реномето на наставничката професија не е само поврзанo со зголемување на платата. Ова е шанса за нас учителите на сите нивоа во општеството, да бидеме пример за трансформација и почеток на вистински вредности, толку потребни. Оти целата суштина на педагогијата е да бидеш добар пример како учител. Тоа е за мене патриотизам”, рече Барбареев.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор