Утрински Весник
Македонија

Банка за храна со помош за социјално загрозени и во услови на пандемија

Банка за храна со помош за социјално загрозени и во услови на пандемија

Кавадарци, 6 април 2020 (МИА) –  Банка за храна Кавадарци обезбедува храна и хигиенски средства за социјално загрозени семејства  и во услови на пандемија, информираше денеска Роберто Паризов, активист во организацијата која постои повеќе од една година и дава поддршка на ранливи категории на жители во кавадаречка општина.

– Во услови на коронавирус, им стоиме на располагање на сите оние кои од најразлични причини дошле во ситуација да не можат да си обезбедат оброк. Целта е нула глад во Кавадарци, а кон неа се стремиме со поддршка на градоначалникот Митко Јанчев, локалната самоуправа и Центарот за социјални работи. Ни помагаат и неколку хумани и општествено одговорни компании како „Жито-југ“, „Слога”, „Минекс” и други, нагласи Паризов.

Тој апелираше да се престане со фрлање на вишокот на храна и таа да се донира во Банката, за потоа да биде распределена на оние на кои им е потребна.

Истовремено, ги повика сите хумани кавадарчани да се солидаризираат со дел од своите сограѓани и да им помогнат во справувањето со проблемите за обезбедување јадење, особено во ситуација на пандемија. Затоа што, како што рече, секој залак е важен.свд/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Таравари: Доколку премиерот смета дека АА е непотребна во Владата, ние немаме никаков проблем

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:Ни следуваат бурни Атмоферски процеси!

Најмногу дожд во Крушево, времето денеска нестабилно, наместа со поројни врнежи и грмежи