Утрински Весник
Свет

Бандите од Балканот на големо се спремаат за забава по короната, тврдат австриските власти

Бандите од Балканот на големо се спремаат за забава по короната, тврдат австриските власти

Директорот на сојузната Криминалистичка служба на Австрија предупредува дека организирани криминални банди од Балканот и Источна Европа веќе се подготвуваат за отворањето на границите.

Генералот Андреас Холцер, поранешен шеф на специјалната единица што се занимаваше со корупциската афера „Ибица“, во интервју за виенскиот дневен весник „Кронен цајтунг“ посочува дека фокусот на неговата работа ќе биде борбата против компјутерскиот криминал.

Тој најави двојно зголемување на службениците во специјализираното одделение што ќе се занимава со гонење на компјутерски криминал.

„Добрата истрага е уметност. Покрај вообичаените активности, како што се тајна истрага и набљудување, сакам да ја вклучам стручноста на науката и помошта на надворешни експерти од универзитетите”, нагласи Холцер.

Кога станува збор за моменталната безбедносна состојба во Австрија, тој вели дека пандемијата и добрата полициска работа го запреле криминалот против имотот.

„Сепак, организираните банди од Балканот и Источна Европа веќе се подготвуваат за отворање на границите и за ‘афтер корона забава’“, подвлече Холцер.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години