Утрински Весник
Спорт

Балотели ќе си замине од Бреша во летниот преоден рок

Претседателот на Бреша предизвика расистички скандал со реплика на адреса на Балотели

Рим, 21 мај 2020 (МИА) – Марио Балотели ќе го напушти тимот на Бреша на крајот на сезоната 2019/20, објави новинарот Николо Скира.

Според добриот познавач на италијанскиот фудбал, за 29-годишниот Балотели се заинтересирани турски Галатасарај и бразилски Васко да Гама.

Се известува дека двата клуба веќе започнале преговори со агентот на играчот, Мино Рајола.

Балотели и се придружи на Бреша летото 2019 година како слободен агент. Тој има пет гола на 19 натпревари за тимот во сезоната 2019/20.

Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на играчот на 5,5 милиони евра. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство