Утрински Весник
Свет

Баконди: Расте притисокот на мигрантите на границата меѓу Грција и Македонија

Баконди: Расте притисокот на мигрантите на границата меѓу Грција и Македонија

Притисокот за илегална миграција на границата меѓу Грција и Македонија расте и наскоро ќе се почувствува на јужната граница на Унгарија, изјави денеска советникот на унгарскиот премиер задолжен за национална безбедност, Ѓерѓ Баконди.

Тој за државното радио „Кошут“ ​​изјави дека унгарските власти годинава фатиле 31.300 лица на границата и дека се процесуирани 284 лица за криумчарење на луѓе, јавува унгарската агенција МТИ.

Тој додаде дека тие бројки се далеку повисоки од бројките од истиот период минатата година.

Построгите прописи поврзани со епидемијата на коронавирус, според него, го отежнаа процесот на криумчарење на луѓе, што се одрази на трошоците за криумчарење.

Како резултат, вели тој, многу мигранти се „свртеа“ од „професионалниот“ пазар на криумчарење и сега повторно се појавуваат на унгарската граница без помош и без никаква поддршка.

Можете да прочитате

Во Грузија уапсени над 100 демонстранти

Бунтовниците контролираат половина од градот Алепо

Десничарските популисти стануваат „нова нормалност“ во европската политика