Утрински Весник
Спорт

Баи е подготвен да замине од „Олд Трафорд“

Баи е подготвен да замине од „Олд Трафорд“
Dik 300x250 mk

Ерик Баи нема уште долго да се задржи во Манчестер јунајтед. Поранешниот играч на Виљареал не е задоволен од статусот што го има во тимот. Ретко игра, најчесто кога во тимот не е еден од двајцата стадни централни дефанзивци, Хари Мегваер и Виктор Линделоф. Од почетокот на февруари тој одиграл само еден натпревар.

Ерик Баи, во Манчестер јунајтед пристигна во ерата на Жозе Мурињо за 30 милиони фунти.

Клубот му понудил нов договор, меѓутоа Баи смета дека со овој потег Јунајтед само сака да го зголеми обесштетувањето.

„Ерик чувствува дека во клубот не го почитуваат доволно. Чувствува дека што и да направи никогаш нема да ја има довербата на менаџерот Солскјер. Смета дека е премногу добар за да седи на клупата“, изјавил за Скај неименуван извор.

Баи во кариерата одиграл 100 натпревари за Манчестер јунајтед.

> Баи е подготвен да замине од „Олд Трафорд“ <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Рељиќ со победа над Бразил и нефер пораз од Кина на Светско првенство Г-14

Ракометниот спектакл на задоволство на ракометната публика

Доживотна суспензија за фудбалерите-тепачи од Слупчане