Утрински Весник
Македонија

Базените се безбедни, но треба протоколи за соблекувалните

Базените се безбедни, но треба протоколи за соблекувалните

Скопје, 15 јуни 2020 (МИА) – Базените се меѓу економските субјекти кои остануваат затворени во претстојниот период и за нив се разговарало за протоколи. Според министерот за здарсвтво Венко Филипче, тие се безбедни, но протоколи ќе требаат за соблекувалните.

-Имаше состанок и со нив на кој се разговараше за протоколите. Тие се, практично спремни, и побараа и тогаш, пред повеќе недели, да се наполнат. Базените се сосема безбедни, протоколите се однесуваа, пред се, на соблекувалните, рече Филипче. хс/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Во напредна фаза е истрагата против убиецот на 78 годишната старица

Поради возење без возачка во Кичево одземено „Ауди“

Муцунски телефонски разговарал со новата министерка за надворешни работи на Бугарија