Утрински Весник
Спорт

Баерн сака да го купи Сане за помалку од 70 милиони евра, Манчестер Сити има намера да добие околу 85 милиони

Баерн започна преговори со Сане
Dik 300x250 mk

Берлин, 18 април 2020 (МИА) – Баерн Минхен продолжува да се интересира за играчот од средниот ред на Манчестер сити, Лерој Сане. Според „Билд“, Германците се надеваат дека ќе може да го добијат фудбалсерот за помалку од 70 милиони евра, како резултат на промените во цените на фудбалерите, поради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус.

Во исто време, Баерн нема да брза со преговори, со намера да види до кога ќе трае принудната пауза.

Од друга страна, Манчестер Сити очекува дека продажбата на Сане ќе му донесе на клубот околу 85 милиони евра. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кошаркарската федерација со конкретни мерки за зачувување на регуларноста и интегритетот на натпреварите

Струга го претрпе првиот пораз во шампионатот

Дејан Манасков не се враќа во репрезентацијата