Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Баерн подготвени да го „украдат“ Гави од Барса

Баерн подготвени да го „украдат“ Гави од Барса
300x250 opst2

Баерн Минхен се подготвени да се обидат да го „украдат“ талентот на Барселона, Гави веќе ова лето, плаќајќи ја откупната клаузула од 50 милиони евра, иако тинејџерот има договор со каталонскиот клуб само до 2023 година.

Откако претходниот тренер на Барселона, Роналд Куман му даде шанса на Гави, кој е во Барселона од својата 10-та година, тој импресионираше и повеќе европски гиганти беа поврзувани со неговото име, како Челси и Ливерпул, но според „Мундо депортиво“, најзаинтересирани се во редовите на германскиот шампион, кои имаа шанса да го гледаат тинејџерот одблиску во двата меча од Лигата на шампионите оваа сезона (кои Баерн ги доби со 3:0).

Според „Мундо“, интересот на Баерн ги загрижува во Барселона, бидејќи кога „Германците ќе постават цел, обично ја остваруват“. Ова исто така може да биде реакција на шпекулациите дека Барселона е заинтересирана за легендарниот напаѓач на Баерн, Роберт Левандовски, кој исто така има договор до 2023 година.

Од друга страна тинејџерот може интересот на Баерн да го искористи за да добие нов договор со далеку подобри услови – тој добива 100.000 евра годишно од Барселона.

> Баерн подготвени да го „украдат“ Гави од Барса <

Можете да прочитате

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер

Миовски: Ние играме како тим и го докажавме тоа

Ѓоковиќ избори четвртфинале на Мастерсот во Шангај