Кој ќе ја добие војната меѓу Левандовски и Баерн Минхен? Фудбалерите секогаш се во предност во вакви ситуации бидејќи никој не сака незадоволен играч, но Баерн Минхен на секој начин се обидува да го задржи Левандовски во своите редови и покрај незадоволството што го покажува полскиот напаѓач во последните две недели.
Тој истакна дека повеќе не сака да игра за Баерн, а има понуда од Барселона и сака да се пресели на „Камп Ноу“.
Откако Оливер Кан проговори за случајот Левандовски, сега коментар даде и првиот човек на клубот, Херберт Хајнер.
„Не сме во економски проблеми, па нема потреба да го продаваме Левандовски. Сакаме да ги имаме најдобрите играчи и Роберт е еден од нив. Затоа, сигурен сум дека ќе игра за нас следната сезона”, изјави претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер во интервју за „Билд“.
Левандовски има уште една година од договорот со Баерн Минхен.
> Баерн не се предава: Немаме потреба да го продаваме Левандовски <