Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Баерн М. ќе казнува ако фудбалерите не возат Ауди

Баерн М. ќе казнува ако фудбалерите не возат Ауди
Img 7972

Минхен, 3 април 2020 (МИА) – Германските медиуми пренесуваат дека Баерн Минхен ќе ги казнува своите фудбалери со 50.000 евра ако некој од нив биде фатен да вози автомобил што не е од палетата на Ауди.

Автомобилскиот гигант има спонзорски договори и со Реал Мадрид и со Барселона и нивните играчи се придржуваат до упатствата и возат производи на спонзорот што не е случај кај Баварците.

„Билд“ пишува дека Роберт Левандовски низ Баварија се развозува со Бентли, Суле во Ферарим, а Боатенг во Мерцедес. Затоа и казните пто неодамна ги најави спортскиот директор н аБаварците, Хасан Салихамиџиќ.

Баерн Минхен има спонзорски договор со Ауди од 2006 година. Компанија, патем, е сопственик на осум отсто од акциите во клубот во кој насочува и огромна сума на финансиски средства. Како последица на тоа, фудбалерите добија автомобили од Ауди и должни се да ги возат, но голем дел од нив не се придржува до клупските препораки, па оттука и најавените казни. сѓд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Србија остана без бодови и без селектор по поразот од Албанија

Младата репрезентација ја совлада Ерменија во евроквалификациите

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025