Утрински Весник
Спорт

Баерн има намера да се стекне со Сане и покрај финансиските последици од коронавирусот

Баерн започна преговори со Сане

Минхен, 1 мај 2020 (МИА) – Баерн продолжува да покажува интерес за напаѓачот на Манчестер сити, Лерој Сане, објави „Скај Германија“.

Според изворот, тимот од Минхен има намера да стекне 24-годишен Германец, и покрај финансиските последици од пандемијата на коронавирус. Баварците се подготвени да плати околу 60-70 милиони евра, иако минатото лето играчот беше проценет на 100 милиони евра.

Сане имаше повреда на вкрстените лигаменти во натпреварот за англискиот Суперкуп против Ливерпул на 4 август 2019 година, поради што ја пропушти скоро целата сезона 2019/20.

На крајот на јануари, играчот се врати на тренинзите. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Силекс во Скопје го победи Шкупи, Работнички ја прекина низата без победа

Верстапен со Ред Бул ја освои својата четврта последователна светска титула во Формула 1

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем