Утрински Весник
Спорт

Баерн го доби дербито со Борусија Дортмунд, Ноер прослави јубилеј

Баерн го доби дербито со Борусија Дортмунд, Ноер прослави јубилеј

Дортмунд, 26 мај 2020 (МИА) – Во натпреварот од 28. коло на Германскиот фудбалски шампионат, Баерн Минхен вечерва на гостински терен со 1:0 ја го совлада Борусија Дортмунд.

Единствениот гол во 43. минута го постигна играчот од средниот ред Џошуа Кимих.
По овој натпревар Баварците со 64 бодаводат на табелата со седум бодови предност пред Борусија.

За голманот на Минхен, Мануел Ноер, овој натпревар беше 400. во Бундеслигата, тој е трет активен играч со таков индикатор.

Рекордер е напаѓачот на Вердер Бремен, Клаудио Пизаро (487 натпревари), втор е играч од средниот ред на Унион Берлин, Кристијан Гентнер (402). зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка

Лазаров: Пред ЕУРО 2026 ќе прифатев ваков исход, но ќе сакав повеќе

(Видео) Со гол во последна секунда Македонија ја победи Романија на ЕП во ракомет