Утрински Весник
Спорт

Баерн безмилосен против Бремер – 12:0 против петтолигашот

Баерн безмилосен против Бремер – 12:0 против петтолигашот

Баерн Минхен немаше милост за петтолигашот Бремер во меч од ДФБ купот, победувајќи ги аматерите со 0:12 на гости предводени од четирите гола на Ерик Чупо-Мотинг, и двата гола на младиот талент Џамал Мусијала.

Чупо-Мотинг го комплетираше својот хет-трик во првите 35 минути игра во Бремен и имаше асистенција до Мусијала, за по првото полувреме да биде 0:5. Тимот на Јулијан Нагелсман не попушти ниту во второто полувреме, во кое додадоа уште пет гола.

ГОЛОВИ: Чупо-Мотинг 8′, Мусијала 16′, Варм (аг) 27′, Чупо-Мотинг 28′, Чупо -Мотинг 35′, Тилман 47′, Мусијала 48′, Сане 65′, Кузанс 80′, Чупо-Мотинг 82′, Сар 86′, Толисо 88′.

> Баерн безмилосен против Бремер – 12:0 против петтолигашот <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина