Утрински Весник
Спорт

Бадељ е херојот на Џенова, спаси бод во 94. минута

Бадељ е херојот на Џенова, спаси бод во 94. минута

Со топовски удар од 20-тина метри Милан Бадељ во 94. Минута и донесе бод на Џенова (2-2) на својот стадион во дуелот против Верона.

Тимот на капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев иако двапати имаше негатива на средбата, сепак ја продолжи серијата без пораз во Серија А.

Верона имаше водство од 0-1 преку Илиќ веќе во 17. Минута.

Шомуродов во 48 минута погодува за израмнување 1-1.

Пандев влезе во игра во 67 минута на местото на Стротман, а 6 минути претходно Верона повторно поведе, овојпат со 2-1. Стрелец на погодокот – Фараони.

По еден корнер во последните мигови од дуелот топката се одби на 20-тина метри од голот на Силвестри, на неа налета Бадељ и ја затресе мрежата за конечни 2-2.

Со денешниот освоен бод Џенова е 11-та со 26 бодови, додека Верона сега има 34 и е на 9-тата позиција.

> Бадељ е херојот на Џенова, спаси бод во 94. минута <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Андреа Бочели ќе настапи на церемонијата на отворање на ЗОИ 2026

Хаос на Африканскиот куп – Се степаа фудбалерите, навивачите го демолираа стадионот, нападнати и судиите

Медведев го освои турнирот во Бризбејн