Утрински Весник
Спорт

Баварската машина гази и без Левандовски

Баварската машина гази и без Левандовски
Dik 300x250 mk

Хофенхајм, 29 февруари 2020 (МИА) – Баерн Минхен го совлада Хофенхајм со 6:0 како гостин на натпреваро од 24 коло на германската Бундеслига, одигран на „ПреЗеро арената“.

Провокациите од навивачите на Баерн до шефот на Хофе, Дитмар Хоп во второто полувреме, сепак, ја расипаа атмосферата на натпреварот и тој беше двапати прекинат.

Момчињата на Ханси Флик направија летечки старт со водство од два гола до седмата минута, а набргу по одигрувањето на половина час, нивната предност веќе беше 4 гола. До средината на вториот дел, сè беше веќе решено, но потоа се појавија навредливите транспаренти од трибините, по кои средбата беше прекината.

Шампионите покажаа дека можат да се снајдат без нивниот прв стрелец, Роберт Левандовски, кој ќе се врати за еден месец.

Баерн Минхен собра 52 бода и сега води со четири пред вториот РБ Лајпциг, кој утре е домаќин на Баер Леверкузен. Хофенхајм е осми со 34 бода.

Резултати од Бундеслигата:

Мајнц 05 – Падерборн 07 2:0
Борусија Дортмунд – Фрајбург 1:0
Аугсбург – Борусија Менхенгладбах 2:3
Хофенхајм – Баерн Минхен 0:6

Петок:
Фортуна – Дизелдорф – Херта Берлин 3:3

Во Моментов се игра последниот дуел од денешната програма помеѓу Келн и Шалке 04.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата

Салах го постигна 250. гол за Ливерпул и им се придружи на Раш и Хант

УЕФА пред тужба за повреда на авторски права на новиот концепт на Лигата на шампиони