Утрински Весник
Македонија

Бабовски повикува на совесно и безбедно празнување на Курбан Бајрам

Бабовски повикува на совесно и безбедно празнување на Курбан Бајрам
Dik 300x250 mk

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство им го честита празникот Курбан Бајрам на граѓаните од муслиманска вероисповест и повикува на совесно и безбедно празнување.

Најавува дека во наредниве денови ќе се интензивираат контролите во кланиците и во делот на спречување на нелегално колење животни на јавни површни, со цел обезбедување на високо ниво на заштита на здравјето на граѓаните и консумација на безбедно месо, кое потекнува од здрави животни, почитувајќи ги културните и религиските барања на верските заедници.

Во рамки на вонредните засилени контроли кои пред празникот Курбан Бајрам ги спроведе Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Исламската верска заедница, Министерството за внатрешни работи, општинските комунални и инспектори за заштита на животната средина, изречени се 19 казнени мерки од спроведени деведесет контроли. Најголемиот број неусогласености се утврдени во Тетово и Гостивар и се однесуваат на непоседување на сертификат за здравствена состојба на животните, или за продажба на животни кои не се идентификувани.

Со спроведените контроли во Скопскиот регион и во другите општини, не се утврдени неусогласености.

Можете да прочитате

МВР: Лажни дојави за бомби во 45 училишта во Скопје и Куманово

Арсовска до Мицкоски: Кој ќе го исчисти градот сега, диктатору?

Мицкоски: Без разлика на етничката, верската и политичката припадност, на 2 ноември да се обединиме во Кичево