Утрински Весник
Македонија

„Аџибадем Систина“ стави на располагање на граѓаните 27 респиратори

„Аџибадем Систина“ стави на располагање на граѓаните 27 респиратори

Скопје, 15 март 2020 (МИА) – Во услови на алертна состојба со вирусот Ковид-19, Клиничката болница „Аџибадем Систина“, заедно со сите свои 1000 вработени лица, се става на располагање со сите свои слободни капацитети на граѓаните на државава, кои се засегнати од овој вирус, а по потреба и претходен договор со Министерството за здравство.

-На располагање се ставаат и сите слободни апарати за механичка вентилација односно респиратори. Во моментов нашата болница располага со 27 најсовремени респиратори и тоа педијатриски, адултни и транспортни, информираат од „Аџибадем Систина“.

Оттаму порачуваат да се следат препораките за заштита и превенција од Ковид 19.  дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Со молитва, благодарност и почит – Кочани ќе ја одбележува годишнината од „Пулс“

Нападната жена во домот за стари лица во Куманово

Поднесени 476 приговори до Основниот кривичен суд Скопје во првиот месец од примената на ,,Безбеден град”