Утрински Весник
Македонија

„Аџибадем Систина“ набави 15.000 тестови за детекција на Ковид-19

„Аџибадем Систина“ набави 15.000 тестови за детекција на Ковид-19

Скопје, 26 март 2020 (МИА) – Клиничката болница „Аџибадем Систина“ набави иницијална количина од 15.000 тестови за детекција на коронавирусот. Болницата има капацитети за вршење на 300 тестови дневно, а пациентите кои ќе дојдат на тестирање треба да носат заштитна маска.

Како што соопштија денеска од „Аџибадем Систина“, цената на тестирање е 1.200 денари, а самото тестирање се врши со претходно закажување термин преку телефонскиот број 02 3099500, достапен 24/7.

Пациентите кои немаат закажано термин за тестирање нема да бидат примени за земање примерок.

-Тестот кој се користи е високопрецизен брз хроматографски тест за детекција на IgG и IgM антителата кои се создаваат од коронавирусот – COVID-19. Комбинираната употреба на IgG и IgM тестот може ефикасно да детектира присуство на вирусната инфекција или претходен контакт со вирусната инфекција преку имунолошкиот статус на телото, информира „Аџибадем Систина“.

Оттаму посочуваат дека овој тест, како нов производ на пазарот, сега се користи речиси во сите болници во Велика Британија, САД, Полска, Србија, Турција, Италија и други земји зафатени од пандемијата на коронавирусот. Научниците го тестирале првично во градот Вухан, во Институтот за вируси во Кина, каде што се потврдил како еден од најефикасните и најбрзи методи за детекција на коронавирусот.

-Тестирањето е преку земање примерок од крв, а процедурата на тестирање не трае подолго од 10 минути. Примероците за тестирање на Ковид-19 се земаат во специјален пункт што е целосно одделен од останатиот дел од болницата со цел максимална безбедност и заштита, се наведува во соопштението на „Аџибадем Систина“.

Работното време на пунктот за тестирање е од 8:00 до 15:00 часот секој работен ден во неделата вклучувајќи ги и викендите.

Од болницата наведуваат дека резултатите од тестот се брзи, ефикасни и прецизни со точност повеќе од 92.9 проценти, и се добиваат два часа по тестирањето на претходно доставената е-маил адреса.бт/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трајчулески: Тоа што Мицкоски е разочаран од Конгресот е добра вест за СДСМ

Колку реални се попустите за „Black Friday“: Маркетинг стратегија или вистински заштеди?

Чибишев: Воздух во Скопје станува алармантен, Здравјето нема цена !