Утрински Весник
Спорт

Ањели: Проектот на Суперлигата никогаш не пропадна, 11 клубови уште се обврзани

Ањели: Проектот на Суперлигата никогаш не пропадна, 11 клубови уште се обврзани

Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели тврди дека 11 клубови уште се „обврзани“ за проектот на Европската Суперлига бидејќи имаат потпишано „договор од 120 страници“ и дека контроверзниот план не пропаднал.

Суперлигата беше промовирана минатиот април, но наиде на бурна реакција на навивачите, поранешните фудбалери и на владата на Велика Британија, по што сите англиски клубови се повлекоа и во проектот останаа само Јувентус, Реал Мадрид и Флорентино Перез. На фудбалскиот бизнис-самит во Лондон, претседателот на Јувентус го даде своето мислење и одби да го коментира претседателот на Ла лига, Хавиер Тебас, кој изјави дека трите клуба „лажат повеќе од Путин“.

„Суперлигата не пропадна. Според мене  на европскиот фудбал му е потребна огромна реформа. нема да одговарам на прашањата за Тебас, неговите изјави зборуваат сами за себе. УЕФА знаеше дека јас како претседател на Јувентус работев на Суперлигата, која е колективна работа на 12 клуба, не на една личност. 12 клуба потпишаа договор од 120 страници кој уште е обврзувачки за 11 од тие клубови. Компромисот веќе не е избор, и потребни се промени. Во моментов има монопол во голем бизнис како фудбалот и тоа не смее да биде така“, изјави Ањели.

> Ањели: Проектот на Суперлигата никогаш не пропадна, 11 клубови уште се обврзани <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина