Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Ахмети – Ќучук: Датум за преговори што е можно поскоро, подготвени за компромис

Ахмети – Ќучук: Датум за преговори што е можно поскоро, подготвени за компромис
Img 7972

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети денес го пречека бугарскиот европратеник Илхан Ќучук.

Европратеникот Ќучук му изрази сочувство на претседателот на ДУИ, Али Ахмети во врска со трагичната несреќа во Бугарија, притоа потенцирајќи дека властите во Софија во соработка со оние во Скопје се ангажирани за целосно расчистување на случајот.

Ахмети изрази благодарност за брзата и многу ефикасна реакција на бугарските власти.

Спорот со Бугарија и решавањето на овој спор меѓу двете земји беше дел од разговорот меѓу Ахмети и Ќучук, со посебен акцент постигнувањето на договор што е можно поскоро и надминувањето на овој спор бидејќи патот на Република Северна Македонија кон Европската Унијата е од особена важност, исто како и решавањето на прашањата за кои се разговараше во дијалогот без никакво одлагање со претседателот Радев и со новата влада во Софија.

Во овој случај, лидерот на ДУИ изрази честитки за одржаните избори во Бугарија и изборниот резултат, надевајќи се на што поскоро формирање на институциите.

Целиот процес треба да се затвори без одложувања бидејќи ако не се затвори сега, спорот меѓу двете земји ќе се одолговлекува со години и ќе го блокира евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија, а од друга страна во голема мера би влијаел на безбедноста на земјата, регионот, но истотака и повеќе да се работи за повисок и подобар животен стандард на граѓаните, изјавија на средбата претседателот Ахмети и бугарскиот европратеник.

Двајцата соговорници разговараа и за можноста за одредување датум за првата Меѓувладина конференција во наредните месеци и за почеток на преговорите за членство на почетокот на 2022 година.

Можете да прочитате

Министерство за спорт или децентрализација на спортот, прашање е сега

Мицкоски од Кочани: Жалам што се случи тоа – „Ѓаволот сакаше да ги испразни улиците на Кочани и го стори тоа“, рече кандидатот за градоначалник

ЕВН на терен: Непланиран прекин на електрична енергија на превој „Стража“ и повеќе кичевски села