Утрински Весник
Македонија

Ахмети – Цакај: Заедно сме на вистинскиот пат

Ахмети – Цакај: Заедно сме на вистинскиот пат

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денеска во Собранието оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Албанија, Гент Цакај, кој престојува во официјална посета на нашата земја.

Ахмети за време на средбата со Цакај рече дека Северна Македонија и Албанија негуваат добрососедски односи и дека такви ќе останат засекогаш.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, му пренесе на министерот за надворешни работи на Република Албанија, Цакај, дека во наредниот период партнерството и соработката меѓу нашите две земји ќе се прошири во функција на мирот, стабилноста и регионалниот просперитет за да се исполнат нашите цели за заедничка стратешка интеграција во Европската Унија.

Ахмети и Цакај разговараа и за договорот во Вашингтон меѓу Република Косово и Република Србија. Тие оценија дека оваа одлука е чекор кон конечниот договор за меѓусебно признавање на двете земји.Ахмети и Цакај исто така разменија мислења и за други политички теми во
земјата и регионот, се наведува во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ