Утрински Весник
Македонија

Ахмети се сретна со германската амбасадорка: Што поскоро конституирање на Собранието и Владата

Ахмети се сретна со германската амбасадорка: Што поскоро конституирање на Собранието и Владата

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети денес во Тетово се сретна со Германската Амбасадорка Анке Холштеин.

Ахмети и честиташе на Амбасадорката Холштеин за новата функција и се заложи за продолжување на блиското пријателство и соработка со Германија изразувајќи голема благодарност за досегашниот придонес на Берлин за нашата земја и регионот.

Изборниот процес од страна на соговорниците се оцени како демократски и во согласност со меѓународните стандарди, а сега се очекува конституирање на Собранието и на Владата што поскоро.

Предизвиците пред нас се големи, преговорите со Европската Унија, економското заздравување и соочувањето со пандемијата, но и остварувањето на изборните програми, затоа и консолидацијата на
институциите не смее да доцни.

Ахмети ги истакна црвените линии на ДУИ и на Албанците, Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за добрососедство, но и реформите за исполнување на европските стандарди и нашите изборни ветувања.

Двајцата се договорија за продолжување на дијалогот и соработката и во иднина.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Исмаил: Мицкоски има приватен интерес во енергетиката, затоа не дозволлува министри да одговараат на прашања

Повозрасен маж пронајден мртов во својот дом во Ѓорче Петров

Само вчера регистрирани два нови случаи на семејно насилство во Скопје