Утрински Весник
Македонија

Ахмети: Само обединети и еднакви можеме да триумфираме

Ахмети: Да имавме уште по еден живот со моите пријатели, повторно ќе се боревме за слобода
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Годината што ја оставаме зад нас беше тешка и многумина од нас изгубија членови од семејствата, пријателите и познаници како резултат на пандемијата, затоа денес сочувствувам и се солидаризирам со сите овие семејства и апелирам за дополнителна грижа за време на празниците и периодов кој ни претстои, порача претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

„ Истовремено, сакам да изразам голема благодарност до медицинскиот и полицискиот персонал заедно со сите други кои беа и се уште се на фронтот во битката со невидливиот непријател во текот на оваа тешка година. Сепак, во сета своја тешкотија, времето на пандемијата ни докажа најдобро дека сите дишеме ист воздух, дека сите не грее едно исто сонце и дека само обединети и еднакви можеме да триумфираме.

Обединети и еднакви, оваа година станавме членка на НАТО и добивме зелено светло од Европската Унија за пристапни преговори со што се заокружи повеќедеценискиот сон и нашата определба. Обединети, победивме на изборите во јули и го постигнавме договор за коалиција кој што беше поздравен од сите, додека денеска го спроведуваме истиот.

Ние сме тука едни за други во секое време, во добро и во лошо, блиску и сплотени, обединети околу нашите заеднички цели.

Дозволете ми да се обратам на секое семејство, на секој од вас каде и да сте, во нашата земја, во Албанија, Косово, Црна Гора, Прешебската долина, на дијаспората, со најискрени и нај љубезни желби за подобра, посреќна и поздрава година, заедно и сплотени едни со други“ се наведува во честитката на Ахмети.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

(Фото) Скопје ја дочекува Новата 2026 година со полн плоштад

Принцеза ја отвори 2026 година на ГАК

Мицкоски и Ѓеорѓиевски ја дочекаа Новата година со граѓаните на плоштадот во Скопје