Утрински Весник
Македонија

Ахмети: Победниците имаат историска одговорност да ги исполнат потребните услови за ЕУ

Ахмети: Гласајте за бројот 9, за достоинствен премиер за сите граѓани
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, и носител на кандидатската листа во Шестата изборна единица, го оствари своето гласачко право на избирачкото место 0816 во кичевско Зајас.

По гласањето, Ахмети изјави дека посакува регуларен процес и да се почитуваат здравствените упатства посочувајќи дека овие избори се многу битни ако се знае, како што рече, дека досега завршивме многу значајни процеси важни за регионот и за мирот воопшто.

„Се отвора нова страница на историјата на оваа земја, за зачленување во Европската Унија, при што победниците имаат историска одговорност да ги исполнат потребните услови за ЕУ. Ќе треба да се работи на подигање на стандардот за подобар живот, подобро образование и здравство. Значи, ќе има голема работа за да се исполнаат барањата и очекувањата на народот. Јас сум убеден дека во тоа ќе успееме. Се знае нашата платформа, очекувам победа во албанскиот кампус“, изјави Ахмети.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Политички судир: Реформи на СДСМ наспроти националниот наратив на ВМРО-ДПМНЕ за влез во 2026 година

34 автомобили оштетени на паркинг во Аеродом

СДСМ обвинува дека власта го следела Филипче