Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Ахмети му честита на Бајден: Нашиот голем пријател застана на чело на САД

Ахмети му честита на Бајден: Нашиот голем пријател застана на чело на САД
Img 7972

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, прв му честита на новиот избран претседател на САД, само неколку моменти по потврдата на победата на претседателските избори, се наведува во партиско соопштение.

„Нашиот голем пријател Џо Бајден се врати, сега е на чело на Соединетите Американски Држави. Му посакувам добро здравје, успех и добра работа на претседателот Бајден и им честитам на САД за завршувањето на изборниот процес и новоизбраниот Конгрес, Сенатот и Белата Куќа“, се вели во честитката на Ахмети до демократскиот кандидат, кој беше потпретседател во администрацијата на Барак Обама.

Лидерот на ДУИ изразува и голема благодарност до претседателот Доналд Трамп и неговиот придонес во изминатите четири години.

„Нашето пријателство со САД е вечно“, напиша Ахмети во честитката.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Поради снежни врнежи, забрана за камиони на патните правци Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку Стража

Бугарски медиум: ВМРО-ДПМНЕ се издржува со пари од Бугарија и сомнителни бизниси во Струмица

Полски државјанин уапсен во Скопје – Полицијата со детали