Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Ахмети дојде во судот да сведочи за „Монструм“

Ахмети дојде во судот да сведочи за „Монструм“
Img 7972

Скопје, 21 февруари 2020 (МИА) – Претседателот на ДУИ Али Ахмети претпладнево пристигна во Кривичниот суд каде треба да сведочи на рочиштето за петкратното убиство кај Смилковското Езеро. Ахмети дојде во судот во придружба на Артан Груби и уште неколку лица.

Освен Ахмети, како сведок треба да се појави и неговиот сопартиец, обвинителот Џелал Бајрами, кој во 2012 година, кога се случи немилиот настан кај Смилковско Езеро ја вршеше функцијата заменик-министер за внатрешни работи.

На претходните рочишта за случајот „Монструм“ сведочеа и лидерот на СДСМ Зоран Заев и поранешната министерка за внатрешни работо Гордана Јанкулоска.

За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Судскиот процес го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење. бк/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Коалиција за зелена иднина: Претепувањето на советникот во Виница е удар врз достоинството и изборното право на Ромите

Тешка сообраќајка на крстосница во Скопје: Се судрија четири возила

ОБСЕ нотира цензура кон Левица во предизборниот период