Утрински Весник
Македонија

АХВ за четири дена спровела 189 надзори, девет месарници не го чувале, ниту декларирале правилно месото

Намалена продажбата на свинско во делчевските месари

Скопје, 24 март 2020 (МИА) – За четири дена, од 19 до 22 март, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), извршила 189 надзори. Притоа, во два објекта е констатирано работење на лица без санитарни прегледи, неправилно означување и неводење записи, а во три објекти се евидентирани неправилности во однос на општата хигиенска состојба.

Во девет месарници, пак, е констатирано неправилно деклраирање на месото и несоодветен термички режим на чување.

– Постапено е од страна на инспекторите на АХВ и на сите субјекти им е укажано да ги отстранат сите недостатоци, рече претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска Грашковска.

На прес-конференција во Владата, Филиповска Грашковска соопшти дека шесте инспекциски институции во земјава, за четири дена, од 19 до 22 март, извршиле вкупно 11.358 надзори. мч/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уапсен во Србија е возачот што ја усмрти жената во Капиштец 

Филипче удри по внатрешните противнициж, „Нема да дозволам поделби платени од ВМРО-ДПМНЕ“

Штрајк ја приземјува „Луфтханза“: Илјадници патници погодени, пилотите и кабинскиот персонал излегуваат на протест