Утрински Весник
Магазин

(Аудио) Џенифер Лопез сподели пијано балада, музика од новиот филм

(Аудио) Џенифер Лопез сподели пијано балада, музика од новиот филм
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Џенифер Лопез во четвртокот објави пијано балада On My Way, која се наоѓа на саундтракот за претстојната романтична комедија „Омажи се за мене“ (Marry me).

Баладата, која може да се слушне на нејзиниот канал на Јутјуб, е за пронаоѓање на сродна душа по скршено срце и погрешно свртување.

„Бев на пат кон тебе / Секоја капка солза беше толку тешка / Боли како пекол, но небото те испрати / бев на пат кон тебе“, пее латино ѕвездата (52).

 

Филмот Marry Me ја следи приказната за две музички ѕвезди кои треба да се венчаат на сцената пред милионска публика, но неколку моменти пред да го каже нејзиниот завет невестата дознава дека тој бил неверен, и таа решава да се омажи за друг. Всушност, таа решава да се мажи за непознат од публиката кој без да знае држи транспарент со натпис „Омажи се за мене“.

Можете да прочитате

Новогодишни верувања што ветуваат среќа, љубов и пари во новата година

Годишен хороскоп 2026 – Нови почетоци и можности за сите знаци

Тиквата штити од канцерогени клетки и е рудник на хранливи материи