Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

(Аудио) Птичји песни ги претркаа ѕвездите на австралиската музичка листа

(Аудио) Птичји песни ги претркаа ѕвездите на австралиската музичка листа
300x250 opst2

Албумот составен од цвркотења и свиркања на загрозени австралиски птици дебитираше во првите пет на музичката топ листа „Ариа“ во Австралија.

Албумот Songs of Disappearance ги надмина хитовите на „АББА“ и Д Викенд – а да не ги спомнуваме божиќните фаворити Мајкл Бабл и Мараја Кери.

Создаден од BirdLife Australia, албумот содржи пеење на птици на 53 најзагрозени видови во Австралија. За некои звуци требало да се чека со часови во грмушка за да сними едно кратко цвркотење.

Дејвид Стјуарт, снимател на звуци на диви животни, поминал повеќе од 30 години собирајќи често ретко слушнати звуци од дивиот свет во Австралија. Токму неговите снимки од птици се користени за албумот.

Кога беше објавен на 3 декември, започна кампања на социјалните мрежи во обид албумот да биде ставен  во австралиската листа за музика „Ариа“ – и успеа. Songs of Disappearance влезе во историјата со тоа што стана првиот албум од ваков вид што се најде меѓу првите пет.

Приходите од продажбата ќе бидат наменети за проекти за заштита, кои ги води „Брд-лајф Австралија“.

Можете да прочитате

„ГРАДОНАЧАЛНИК“ – нова едукативна онлајн игра за млади

ПВЦ прозорите имаат зимски и летен режим, еве како да го подесите

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ЗА ОКТОМВРИ 2025 ГОДИНА: Кој донесува важни одлуки, а кого го чека љубов како од бајка?