Утрински Весник
Спорт

АТП турејата објави – 97 од топ 100 тенисерите се вакцинирани

АТП турејата објави – 97 од топ 100 тенисерите се вакцинирани

Додека со денови трае драмата околу светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ и неговиот обид да влезе во Австралија без да е вакциниран за КОВИД-19, АТП турнејата објави дека 97 од топ 100 тенисерите на нивната листа веќе ја добиле вакцината.

„АТП продолжува да советува вакцинација за сите учесници на АТП турнејата, што е базично барање за да се справиме со пандемијата. Охрабрени сме што 97 од топ 100 тенисерите се вакцинирани пред Австралија опен“, објави АТП.

Според претходните информации, на 8 октомври 2021 година, оваа бројка била драстично помала – 48 од топ 100 тенисерите биле вакцинирани.

> АТП турејата објави – 97 од топ 100 тенисерите се вакцинирани <

Можете да прочитате

О’Саливен испиша историја во снукерот

Рекордни 60 поени на Дончиќ во дресот на Лејкерс

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко