Утрински Весник
Спорт

Атлетико одбиле 150 милиони за Феликс од клуб од Премиер лигата

Жоао Феликс: Кога потпишав за Атлетико си помислив, леле чинам 126 милиони
Dik 300x250 mk

Мадрид, 19 јуни 2020 (МИА) – Атлетико Мадрид ја одби понудата од 150 милиони евра од клуб од Премиер лигата за Жоао Феликс. Според goal.com, ова се случило пред пандемијата на КОВИД-19. Одговорот на „јорганџиите“ бил моментален.

Португалецот беше привлечен во Атлетико минатото лето кога клубот од шпанската престолнина и плати на Бенфика 126 милиони евра за него.

Феликс не успеа да ги покаже своите можности со екипата од Мадрид досега. Од почетокот на сезоната тој има осум гола и три асистенции на 29 одиграни натпревари за Атлетико, а повредите на глуждот исто така го спречија.

Во првиот натпревар по продолжението на сезоната, Феликс настапи импресивно, постигнувајќи два гола во победата од 5:0 над Осасуна.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен