Утрински Весник
Спорт

Атлетико им ги врати пари на навивачите за однапред купени билети за натпревари до крајот на сезоната

Атлетико за 16-годишен голман бара обештетување од 36 милиони евра

Мадрид, 6 април 2020 (МИА) – Шпанскиот фудбалски прволигаш Атлетико Мадрид им ги врати парите на фановите за сите претходно продадени билети.

– Зборуваме за билети за домашната арена, како и билети за реваншот од 1/8-финалето на Лигата на шампионите против Ливерпул (3:2), на кои некои навивачи не отидоа поради ризикот од инфекција со коронавирус, соопшти прес-службата на Атлетико.

Исто така, на навивачите им беа вратени парите за билетите купени за натпреварите на домашен терен против Ваљадолид, Алавес и Мајорка.

Вкупната сума за неискористени билети изнесува 250 илјади евра. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Силекс во Скопје го победи Шкупи, Работнички ја прекина низата без победа

Верстапен со Ред Бул ја освои својата четврта последователна светска титула во Формула 1

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем