Утрински Весник
Спорт

Атлетико го повтори клупскиот рекорд по бројот на нерешени натпревари

Кошта: Жоао Феликс е тоа што ни недостасуваше

Мадрид, 14 јуни 2020 (МИА) – Атлетико Мадрид попладнево одигра нерешено 1:1 во дуелот со Атлетик Билбао во 28. коло од шампионатот на Шпанија. За клубот од Мадрид ова е 13. реми во Ла Лига.

Ова е клупски рекорд за Атлетико, кој тимот го повторува по петти пат. Претходно, 13 реми за Атлетико беа забележани во сезоните 1974/75, 1978/79, 1990/91 и 2005/06 година.

За да постави нов клупски рекорд, Атлетико има уште десет натпревари до крајот на сезоната. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Србија го освои првото злато на Олимписките игри во Париз

Шерифовски поразен на турнирот во џудо

Египќанка во седмиот месец од бременоста победи во меч во мечување