Утрински Весник
Спорт

Атина во октомври домаќин на извлекувањето на групите за Лига на шампиони и Лига Европа

Резултати и стрелци од второто квалификациско за Лигата на шампионите
Dik 300x250 mk

Атина, 17 јуни 2020 (МИА) – Извлекувањето на групите за Лига на шампиони и Лига Европа, како и доделувањето награди за најдобрите фудбалери и фудбалерки ќе се одржи во октомври во Атина, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас, соопшти дека извршниот комитет на УЕФА, донел едногласна одлука Атина да биде домаќин на манифестацијата, а ќе се одржи во културниот центар „Ставрос Ниархос“.

Пецас во соопштението вели дека одлуката е глас на доверба за Грција, „бидејќи станува збор за прв голем настан на УЕФА по рестриктивните мерки за справување со пандемијата на коронавирусот“ и додава дека одлучувачки факт за договорот бил телефонскиот разговор меѓу грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и претседателот на УЕФА, Александер Чеферин.ср/зш/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс