Утрински Весник
Економија

Атанасов: Потребна е дезинфекција пред отворање на рестораните

Атанасов: Потребна е дезинфекција пред отворање на рестораните
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 5 мај 2020 (МИА) – Пред отворање на угостителските објекти ќе треба повторно да се изврши дезинфекција и чистење на опремата и површините што служат за обработка на храна. Пред отворањето, рестораните ќе треба да извршат една општа дезинфекција во самиот објект, бидејќи подолго време стоел запечатен, неотворен и не знаеме што се се случуавло таму, изјави денеска на прес-конференција директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов.

Тој информира дека Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) подготвува соопштение до јавноста во врска со овие препораки, напоменувајќи дека тоа ќе се прави бидејќи рестораните подолг период не работеа.

Одговарајќи на новинарско прашање за хигиенските услови во маркетите и месарниците, Атанасов појасни дека кога се зборува за добра хигиенска пракса тоа се однесува на условите во кои се држат производите, опремата и работната површина што се користи, пред се во месарниците.

– Со самата пракса е предвидено на колку време треба да се чистат, да се водат записи, да се врши дезинфекција на самите површини. Најчестите отстапувања се во тој дел. Во секојдневните извештаи од страна на инспекците служби е констатирано ангажирање луѓе кои немаат завршено соодветни курсеви за безбедност на храна и луѓе кај кои не се извршени санитарни прегледи кои треба да се извршат. Тоа не е само поради Ковид-19, туку и поради опасности од други болести што можат да се пренесат преку храната, рече Атанасов. мд/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари

Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители

Заклучно со 30 ноември годинава во државниот буџет од даноци и придонеси собрани 3,97 милијарди евра