Утрински Весник
Спорт

Аталанта го освои Неапол и се впушти во борба за Скудетото

Аталанта го освои Неапол и се впушти во борба за Скудетото

Наполи киксна на домашен терен против Атланта во последниот саботен меч од 16. коло во Серија А.

Тимот каде што настапува македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас загуби на „Диего Марадона“ со 3-2 од пулените на Гасперини. За екипата од Неапол ова беше втор пораз во последните 5 кола, а ако тука се вклучат и двете нерешени средби против Сасуоло, односно Верона станува јасно дека четата на Лучијано Спалети е во мини-криза.

Причина за сето тоа секако е големиот број отсутни фудбалери, вечерва ги немаше Инсиње, Осимхен, Кулибали, Руиз, Манолас…

Први на мечот поведоа гостите од Бергамо, со голот на Малиновски уште во 7. минута.

Во 40. минута Зиелински се погрижи Наполи на полувреме да замине со нерешен резултат.

Во вториот дел, уште на стартот Мертенс погоди за домашно водство од 2-1. Но следуваше пресврт.

Најпрво Демирал во 66 минута израмни на 2-2, а конечните 3-2 за Аталанта ги постави Фројлер во 71 минута.

Наполи по овој меч останува третопласиран со 36 бода, два помалку од лидерот Милан и 2 повеќе од четвртопласираната Аталанта.

> Аталанта го освои Неапол и се впушти во борба за Скудетото <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина