Неверојатната Аталанта, по фантастичната мината сезона во Серија А, покажува дека и оваа сезона ќе биде многу опасен тим, откако на „Олимпико“ го декласираше Лацио со 4:1.
Креатор на победата беше капитенот Алехандро „Папу“ Гомез, кој постигна два гола, откако во првото коло имаше гол и асистенција, за на совршен начин да му ја донесе на својот тренер Џанпјеро Гасперини победата број 100. на клупата на клубот од Бергамо.
Работата беше јасна по првите 45 минути – Робин Госенс во 10-тата минута ги „шокираше“ Лацио, пред во 32. минута да му асистира на Хатебер за 2:0, за Гомез во 44. минута да зголеми на 3:0. Каиседо во 57. минута им даде надеж на домаќините, пред само четири минути подоцна Папу со фантастичен гол да го постави конечниот резултат.
> Аталанта го декласираше Лацио на „Олимпико“! <