Утрински Весник
Спорт

„АС“: Барса сокриле дека имаат пет играчи со коронавирус

Барселона против Гранада направи 1.005 додавања

Барселона, 2 јуни 2020 (МИА) – Петмина играчи на Барселона и двајца тренери имале коронавирусот, но клубот не ја објави оваа информација, според весникот „АС“.

Сите играчи и тренери на шпанскиот гигант се тестираа за вирусот на почетокот на пандемијата и седум од нив се тестираа позитивно. Кај сите нив болеста била асимптоматска, а во повторените тестови – пред да се вратат на тренинг, немаше повеќе заразени.

Во оваа фаза, не е јасно кои биле заразените, доколку овие информации воопшто се вистинити.

Барселона треба да се врати во Ла Лига на 13 јуни, кога се соочуваат со Мајорка.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина