Битола, 11 март 2020 (МИА) – Градоначалничката на Битола Наташа Петровски изврши увид на реконструирањето и асфалтирање на седум улици во населеното место Долно Оризари.
Улиците првпат се асфалтираат, а средствата беа обезбедени од проект за подобрување на општинските услуги како и од локалниот буџет или вкупно 6,4 милиони денари, информираа од Општина Битола.
-Со досегашниот зафат покривме кал на повеќе од 2.370 метри квадратни. Се врати радоста кај децата во населбата. Следуваат активности врз два нови краци кои што треба да ги изведиме во висина од 1,8 милиони денари. Во делот кај училиштето веќе имаме проектна документација за уште три краци, а се подготвува проектна документација за останати улици што значи за скоро време целата оваа населба треба да добие многу поинаков лик, истакна Петровска.
Градоначалничката Петровска изврши увид и во дворот на основното училиште „Св. Кирил и Методиј, каде во завршна фаза е реализацијата на проектот – рехабилитација на спортски терен со вкупна инвестиција од 2 милиони денари. мт/дма/