Утрински Весник
Магазин

Астро, основачот на „УБ40“, почина по кратко боледување

Астро, основачот на „УБ40“, почина по кратко боледување
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Британскиот пејач и основач на славниот поп реге бенд „УБ40“, Tеренс Вилсон, почина на 64-годишна возраст по кратко боледување, пренесуваат британските медиуми.

Вилсон, познат под уметничкото име Астро, настапуваше со „УБ40“повеќе од 30 години, до 2013 година кога основа нов бенд.

„Апсолутно сме девастирани, нашите срца се скршени поради загубата на нашиот драг Астро кој почина по кратка болест“, се наведува во соопштението на Твитер-профилот на „УБ40 со Али Кембел и Астро“, неговиот сегашен бенд.

„Светот никогаш нема да биде ист без него.“

„УБ40“, основан во 1978 година во Бирминген, беше еден од најпопуларните англиски бендови во текот на 80-тите со серија хитови на светските топ листи, меѓу кои Kingston Town, Red Red Wine, Can’t Help Falling In Love.

Можете да прочитате

Италија го казни Apple со скоро 100 милиони евра

Домашните миленици го подобруваат менталното здравје на сопствениците

Поларните мечки генетски се прилагодуват на потоплата клима