Утрински Весник
Економија

„Астразенека“ го продаде својот удел во „Модерна“ за повеќе од една милијарда долари

„Астразенека“ го продаде својот удел во „Модерна“ за повеќе од една милијарда долари

Британско-шведската мултинационална „Астразенека“ го продаде својот удел од 7,7 проценти во „Модерна“ за повеќе од една милијарда долари.

Ова се случи откако акциите на американската компанија за биотехнологија се зголемија благодарение на пазарната побарувачка на нејзината вакцина против коронавирус, објави „Лондон тајмс“.

Во текстот на „Тајмс“ се забележува дека не е познато кога „Астразенека“ го продала својот удел во „Модерна“, со која планира да го продолжи партнерството во производството на лекови за други болести, пренесува „Ројтерс“.

„Астразенека“ во иднина би можела да премине на комерцијална основа на својата вакцина против ковид, развиена во соработка со Универзитетот „Оксфорд“, ако вирусот стане ендемичен, се додава во текстот.

„Модерна“, чија вакцина е одобрена за итна употреба против коронавирусот во САД, минатата недела објави дека очекува да ја продаде оваа вакцина во износ од 18,4 милијарди долари оваа година.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ССКМ : Потпишувањето на договорот за соработка е порака која бизнис секторот ја препознава

ССМ: Минималните месечни трошоци во ноември 65.173 денари

МФ: Нема промени во делот на наплата на ДДВ при прием на пратки од „Тему“ со измените на Законот за ДДВ