Астон вила стигна до голема 3:0 победа на гостувањето кај Арсенал, враќајќи се на победите по два порази во низа и во исто време разбивајќи ги „топчиите“ кои беа на високо по победата на „Олд Трафорд“ над Манчестер јунајтед.
Вила, кои сезонава изненадувачки ја стартуваа со четири победи во низа, потоа ги загубија следните два натпревари. Но на „Емирати“, Вила се закани уште на стартот, кога Шкотланѓанецот Џон Мекгин уште во 43. секунда постигна гол, кој беше поништен поради офсајд на Рос Баркли.
Сепак, гостите отидоа на пауза со предност, откако Букајо Сака си постигна автогол во 25. минута од мечот, и сосема заслужено имаа одлични 45 минути. Арсенал се обиде да се врати во игра во второто полувреме, меѓутоа Оли Воткинс ги казни двапати во 72. и 75. минута за славна победа на Вила.
Клубот од Бирмингем сега е 6. на табелата со 15 поени, и да не заборавиме оваа сезона успеаја да ги „суредат“ Ливерпул со 7:2 и да ги победат Лестер на гости со 0:1. Арсенал се на 11. место со 4 победи и 4 порази во осум меча.
> Астон вила е мајстор за големите – го „растури“ Арсенал сред Лондон! <