Утрински Весник
Спорт

Астон Вила го победи Евертон – Џерард го надмудри Лампард

Фудбалерите на Астон Вила го победија Евертон на својот стадион со резултат 2:1 во второто коло од англиската Премиер лига. Вила ја забележа првата победа во сезоната, а Евертон во сезоната влегува со два порази.

dobivaj vesti na viber

Тимовите на легендите на англискиот фудбал Стивен Џерард и Френк Лампард одиграа здодевни 85.минути и исклучително добри и содржајни последни 10 минути.

Вила водеше од 31.минута со голот на Ингс. Вториот гол го постигна Буендија во 86.минута. За двата гола асистираше Воткинс.

Веднаш по голот на Буендија, Евертон израмни со голот на поранешниот фудбалер Дињ.

Од тој момент до 99.минута, Евертон не успеа да реализира три добри шанси, два пати се обиде Гордон и еднаш новиот играч Онана.

Можете да прочитате

Арсенал и Баерн обезбедија место во осминафиналето на Лигата на шампионите

Заврши првата фаза на Европското првенство во ракомет

Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија опен