Утрински Весник
Економија

Асоцијација за Е-трговија на Македонија и МБА ќе соработуваат за развој на е-трговијата во земјава

Асоцијација за Е-трговија на Македонија и МБА ќе соработуваат за развој на е-трговијата во земјава

Скопје, 24 јуни 2020 (МИА) – Меморандум за соработка потпишаа Македонската банкарска асоцијација  и Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Меморандумот беше потпишан од претседателката на МБА, Маја Стевкова Штериева и в.д. претстедателот на Асоцијацијата, Филип Чижбановски.

Како што соопштуваат со Меморандумот се предвидува Македонската аанкарска асоцијација (МБА) и Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) да разменуваат информации од заеднички интерес, да споделуваат тековни и нови искуства, да креираат и земаат учество на настани од областа за е-трговија и да придонeсуваат за финансиска едукација и инклузија односно развивање на дигиталната писменост, способности и градење на капацитетен пазар на труд во секторот за е-трговија, како и за развојот на програмите за потребите на корисниците на банкарските услуги. Исто така, ќе разменуваат професионални совети и ќе споделуваат тековни и нови искуства.

– Со потпишување на овој меморандум за соработка Македонската банкарска асоцијација ќе работи на подобрување на банкарските услуги поврзани со е-трговија, унапредување на транспарентноста, безбедноста, брзината и квалитетот при извршување на услугите и ќе се стремиме заеднички да придонесеме кон подигнување на нивото на едукација на клиентите и зголемено користење на платежните картички во секојдневието, вели претседателката на Македонската Банкарска Асоцијација, Стевкова Штериева.

Асоцијацијата, како што изјави Чижбановски, ја поздравува отвореноста за соработка на банките како значајна алка во синџирот на е-трговијата имајќи предвид дека само со заеднички пристап од сите засегнати страни може да се влијае кон подобрување на условите во кои работат е-трговците и да се стекне довербата на онлајн купувачите.

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија се стреми кон инклузивна е-трговија, а преку потпишување низа меморандуми со засегнатите страни од областа, има за цел да креира иднина за раст на е-трговијата и успех во рамките на Република Северна Македонија. скс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за идната година

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен

Стојаноски: СДС единствено што остави на државата е долг на идни поколенија