Утрински Весник
Спорт

Асистентот на Стив Кер ќе ги преземе кралевите од Сакраменто

Асистентот во стручниот штаб на Голден стејт Вориорс, Мајк Браун, ќе потпише четиригодишен договор за да стане главен тренер на Сакраменто Кингс.

Според „ESPN“, договорот е постигнат во неделата. Единствена цел на Браун ќе биде да го прекине најдолгиот плеј-оф пост во историјата на НБА. Кингс 16 години не успеваат да дојдат до плеј-офот.

Браун ќе остане во стручниот штаб на Стив Кер до крајот на актуелната сезона.

Мајк Браун е седум сезони во Вориорс, а претходно имаше скор 347-216 како главен тренер на Кливленд Кавалирс и Лос Анџелес Лејкерс. Тој беше прогласен за тренер на годината во 2007 година, кога со Кливленд стигна до големото финале.

Вориорс моментално водат со 2-1 во второто коло од плеј-офот против Мемфис Гризлис.

> Асистентот на Стив Кер ќе ги преземе кралевите од Сакраменто <

Можете да прочитате

Лазаров: Со максимален ангажман до пласман на Светското првенство

Трета европска титула за Данска

Избран „Ол стар тимот“ на Европското првенство – Гидсел со наградата МВП