Утрински Весник
Свет

Асанж нема да биде екстрадиран во САД, пресуди британскиот суд

Асанж нема да биде екстрадиран во САД, пресуди британскиот суд

Основачот на Викиликс оствари голема победа против американските власти, кои го обвинија за заговор и кршење на Законот за шпионажа.

САД го товарат 49-годишниот Асанж за 18 точки од обвиниението, за откривање на 500.000 класифицирани документи во 2010 година. Станува збор за доверливи документи кои детално ги опишуваат американските воени операции во Авганистан и Ирак.

Одлуката за екстрадиција е донесена по повеќе од десет години меѓународни правни заплеткувања и полемики што го следат случајот на тој Австралиец. Денешната одлука на британскиот суд е предмет на жалба, што значи дека правната сага може да продолжи пред да следи вистинската екстрадиција.

Шведска беше првата земја што издаде потерница за Асанж во 2010 година.

Викиликс подоцна објави електронска преписка што се покажа како штетна за демократскиот ривал на Трамп, Хилари Клинтон.

Стела Морис, вереницата на Асанж и мајка на два сина, претходно му се обрати директно на Трамп.

„ Луѓето сакаат да го помилувате Асанж. Слушајте, ве молам”, напиша Морис на Твитер.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Инфлацијата во еврозоната се искачи на 2,3 отсто

Зеленски назначи нов командант на копнената војска

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година