Утрински Весник
Свет

Асад го прекинал говорот пред пратениците зошто му се слошило

Асад го прекинал говорот пред пратениците зошто му се слошило
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Сирискиот претседател Башар ал Асад на неколку минути го прекинал својот говор пред пратениците, бидејќи не му било добро поради низок крвен притисок, по што, продолжил со говорот, објави сирикста државна телевизија.

Говорот, кој требало да биде одржан околу пладне, ќе биде прикажан на телевизија во целост во 18.30 часот, по локално време. Телевизијата не објави други детали за инцидентот.

„ Тоа беше последица од пад на крвниот притисок, по што претседателот продолжи нормално со говорот“ објави телевизијата.

Државните медиуми во текот на денот најавија дека Асад ќе одржи говор пред пратениците, откако минатиот месец беа одржани парламентарни избори за кои опозицијата и независните набљудувачи тврдат дека се фарса во земјата со која владее партијата „Баас“.

Медиумите ретко известуваат за здравјето на 55-годишниот сириски претседател, кој авторитарно управува со земјата, во која речиси десет години беснее војна во која стотици илјади луѓе загинаа, а милиони се протерани и раселени.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Нетанјаху понекогаш е тежок, се надевам дека втората фаза од мировниот план за Газа ќе стапи на сила многу брзо

Рускиот претседател потпиша указ за регрутација на 261.000 руски граѓани

Германија има недостиг од 120.000 возачи на камиони