Утрински Весник
Свет

Асад го освои четвртиот мандат во Сирија со 95 проценти од гласовите

Асад го освои четвртиот мандат во Сирија со 95 проценти од гласовите

Претседателот на Сирија, Башар ал-Асад, го освои четвртиот мандат со 95,1 процент од гласовите на изборите што ќе го продолжат неговото владеење со земјата разорена од војна, но за која противниците и Западот велат дека е обележана со измама.

Владата на Асад соопшти дека изборите покажуваат дека Сирија функционира нормално и покрај деценискиот конфликт, во кој беа убиени стотици илјади луѓе и приближно половина од населението, или 11 милиони луѓе, протерани од своите домови.

Претседателот на парламентот Хамуда Сабаг го објави резултатот на прес-конференција во четвртокот, велејќи дека од одѕивот на гласачите бил околу 78 проценти.

Изборите продолжија и покрај мировниот процес предводен од Обединетите нации, кои бараа да се гласа под меѓународен надзор.

Победата му донесе на Асад нови седум години на власт и го продолжува владеењето на неговото семејство на речиси шест децении. Неговиот татко Хафез ал-Асад ја водеше Сирија 30 години се до неговата смрт во 2000 година.

Годините на Асад како претседател беа обележани со повеќестран конфликт, кој започна во 2011 година и ја разурна оваа земја на Блискиот Исток.

„Благодарам на сите Сиријци за нивното високо национално чувство и големо учество … за иднината на сириските деца и нејзината младост. Да почнеме да работиме од утре на градење надеж и градење на Сирија”, напиша Асад на својата фејсбук-страница.

Можете да прочитате

Инфлацијата во еврозоната се искачи на 2,3 отсто

Зеленски назначи нов командант на копнената војска

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година